Овозможено отворањето сметки кај странските електронски сервиси за трансакции за комерцијални цели

-Одлука за изменување на Одлуката за начинот и условите под кои
резидентите коишто не се овластени банки можат да отвораат и да имаат
сметки во странство (Сл.весник бр.42/16 и 50/19) која стапува во сила на
11.9.2019 година.
Позначајни промени и дополнувања во однос на важечката одлука:
се овозможува граѓаните и компаниите да отвораат и да имаат сметки кај сите
странски електронски сервиси за платежни трансакции што ќе ги овозможат
своите услуги за резидентите од нашата земја. Тие ќе можат овие сметки да ги
користат исклучиво за комерцијални цели, односно за купување и/или за
продавање стоки и услуги по електронски пат. Дали и кога граѓаните и
компаниите ќе можат да отворат сметка кај одреден електронски сервис и какви
услуги ќе можат да користат (дали само за плаќање или и за наплата), одлучува
секој од сервисите, при што деловната одлука ја носи врз основа на сопствени
анализи и оцени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *